За Нас

ГОЛДИРЕН е мала, семејна компанија со над 30 години традиција, искуство и посветеност кон инженеринг, производство и монтажа на ковано железо, челични производи, челични конструкции и останати браварски услуги. Од нашето основање во 1994 година, секој наш проект за нас претставува гордост и без разлика на неговата големина или сложеност секогаш пристапуваме прецизно, грижливо и одговорно

 

Нашата широка палета на производи и услуги вклучува:

Ковано железо и производи од челик

Челични скали, гелендри, заштитни огради и врати

• Системи од стакло, настрешници, тенди, перголи

• Челични конструкции

• CNC плазма сечење, CNC ласерско сечење и CNC виткање на метал

• И многу други браварски услуги.

Лоцирани сме во Индустриската зона Визбегово, Скопје, Македонија и нашиот производен капацитет е целосно опремен со современи машини и транспортни средства, што ни овозможува да испорачаме висококвалитетни и прилагодени производи и услуги кои ги исполнуваат специфичните потреби на секој клиент.

Поседуваме лиценца за изведба на градби од “Б” категорија и сме посветени на тоа да секој проект ги исполнува сите потребни стандарди и регулативи. Благодарение на оваа посветеност, присутни сме како на македонскиот така и на европскиот пазар.

Она што навистина не одвојува од останатите компании се нашите луѓе — малуброен, но силно поврзан тим од искусни инженери и вешти мајстори обединети со заеднички мотив за создавање на трајни вредности.

Нашиот успех не се мери само со обемот на производството, туку и со постојаното подобрување на квалитетот на нашата работа. Многу од нашите проекти доаѓаат од веќе постоечки клиенти или преку препораки, што го гледаме како најголем доказ за нашата работна етика и одговорност.

Во ГОЛДИРЕН, не градиме само челични конструкции, ние градиме односи засновани на доверба, квалитет и долгорочно задоволство.